Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, утре дел од Скопје ќе остане без електрична енергија, информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на известување од ЕВН Македонија.
Според најавата, прекините ќе се реализираат во неколку временски интервали и на повеќе локации во градот.
Во периодот од 08:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите на „Техномаркет“, „Старџим“ и „Кам“ на булеварот „Босна и Херцеговина“, како и ВФВ Поликлиниката во општина Бутел.
Од 09:00 до 11:00 часот прекин ќе има кај дел од потрошувачите на улицата „Коце Металец“ во општина Гази Баба, односно кај куќите на потегот од улицата „Зеничка“ до улицата „Гемиџиска“.
Во општина Кисела Вода, во населбата Драчево, од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Ваташа“.



