Фатен манијак во Ѓорче Петров, веднаш е лишен од слобода

На 30.04.2024 во 12.35 часот полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода С.Ј.(75) од скопско, по претходна пријава од 33-годишна скопјанка според која тој, околу 11.50 часот во близина на паркот во населбата Ѓорче Петров, се самозадоволувал во своето возило.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира скопската полиција во денешниот билтен.