Вицепремиерот и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи ги демантираше шпекулациите дека ќе премине во Влен. Тој кратко на својот фејсбук профил порача:
Ги повикувам медиумите како и политичките субјекти да не шпекулираат и да не објавуваат вести од типот на “неофицијално дознава…”.
Моето членство во СДСМ и улогата на потпретседател се вкоренети во вредностите кои ги споделувам со огромен дел од моите сопартијци. Како пратеник достојно ќе ги претставувам сите кои гласаа за нашата коалиција, а останувам и сојузник на сите кои се за искрени внатре-партиски реформи. Заедно со моите сопартијци ќе ги донесеме тие промени.
Тука сум, не одам никаде, цврсто стојам на патот на социјалдемократијата!