Филипче, Петровска, Деспотовски и Бајдевски се кандидатите за лидер на СДСМ, Ристевски не ги исполнува критериумите

СДСМ денеска соопшти дека Централната изборна комисија на партијата ги разгледала поднесените кандидатури за претседател на вонредните внатрепартиски избори на 30 јуни и оти е утврдена единствена листа со четворица потврдени кандидати.

-Врз основа на Статутот на СДСМ како и врз основа на Член 9 од Правилникот за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор, Централната изборна комисија утврди единствена листа на потврдени кандидати за претседател на СДСМ: Венко Филипче, Славјанка Петровска, Јован Деспотовски и Александар Бајдевски, се наведува во соопштението од СДСМ.

Оттаму посочуваат дела Комисијата констатирала дека кандидатурата на Златко Ристевски од Битола, не може да биде потврдена поради неисполнување на критериумите пропишани со Статутот и Правилникот.

Advertisements

Вака утврдената листа од четворица кандидати ќе биде објавена на веб страната на СДСМ заедно со програмите на кандидатите и ќе биде доставена до сите Општински изборни комисии, се вели во соопштението.