Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ѝ го честиташе изборот на Гордана Силјановска-Давкова за првa претседателка на С. Македонија, а веднаш потоа се огласи на социјалната мрежа Икс со забелешка за изоставувањето на уставното име од страна на македонската претседателка на инаугурацијата.
Имено, Фон дер Лајен прво напиша дека лидерството на Силјановска Давкова доаѓа во клучен момент, додека државата напредува во реформите и го продолжува својот пат кон ЕУ, а три часа подоцна таа упати порака поврзана и со преспанскиот договор.
„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“.