(ФОТО) Автомобил удри во полициско возило, затворен патниот правец Куманово – Табановце

Сообраќајна несреќа се случи вечерва на автопатот Куманово – Табановце кога автомобил марка „Шкода” удрил во службено полициско возило. Полицијата спроведува увид на местото на сообраќајката.

Поради сообраќајната незгода од 21 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец од Куманово, кај бензинската станица пумпа „Макпетрол“, до Граничниот премин „Табановце“, соопшти АМСМ.

Advertisements