(ФОТО) Директорот Фатон Ахмети си доби подарок од младите на ВМРО-ДПМНЕ

Унијата на млади сили на ВМРО -ДПМНЕ на својот профил на Фејсбук објави дека  му спремиле пакетче на директорот на ФЗОМ, сет кофички и лопати за да си игра на убавите плажи на Атлантикот додека фондот се распаѓа и луѓе умираат.

„Лежалка за да одмори, топка и сет кофички и лопатки за да игра на убавите песочни плажи и да не му досади одморот, гума за пливање за кога ќе одлучи да се излади во водите на Атлантикот да не забега кон длабокото и да го загубиме и, за крај, чадор и крем за сончање за да не му изгори кожата бидејќи неговата кожа е поскапа од кожата на македонските граѓани“, изјави Валентин Манасиевски од Унијата на млади сили.

Advertisements

Оваа герила акција на младите од ВМРО-ДПМНЕ се однесува на директорот Фатон Ахмети кој е во САД додека Фондот за здравствено осигурување се соочуваше со хакерски напад поради кој доцнеа платите на вработените, боледувањата, рефундациите.

„Додека здравствените работници скоро два месеца не можеа да земат плата, додека системот на податоци беше хакиран, додека пациенти секојдневно умираат поради неспособноста на власта за купување лекови, додека млади лекари си заминуваат на работа во странство, директорот на ФЗОМ во ова време невреме заминал на одмор во САД. Не знаејќи како да се соочи со реалноста, на директорот Фатон Ахмети најлесно му било да оди во САД и сето ова време да седи на плажа пиејќи коктели и да игра со песок’, велат од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.