Поранешниот министер за здравство Венко Филипче денеска на својот Фејсбук профил објави фотографија од своето дежурстово и порача дека екипата на Клиниката за неврохирургија е подготвена за работа за новогодишната ноќ, но сепак тој посакува вечерва да имаат што помалку работа.
„Посакувам, ние здравствените работници, вечерва да имаме што помалку работа. Бидете весели, насмеани и среќни, но славете мирно и безбедно Во новата 2023 година да влеземе со многу оптимизам, свесни дека со заеднички труд и посветеност ќе може да ги реализираме сите важни прашања за нашата земја. Среќна Нова Година!“, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...