Градоначалникот на општина, Кичево Фатмир Дехари во емисија на ТВ Алсат ја коментираше и фотографијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со армиска униформа и со оружје во раце.
Според Дехари, Мицкоски прави добра реклама за Армијата, а ако сакал преку оваа фотографија да пренесе пораки за војна, на овој начин ја тоне и партијата и себе си, зашто времето на војни е завршено.
„Се познаваме со господинот Мицкоски. Униформите ги паметиме како наша историја. Тој на негов начин, јас на мој начин. Како се чувствува тој за тоа време и како јас за тоа време е прашање на чувствителност што ја носиме во себе. Може да има носталгија за униформата. Не знам дали со оваа униформа бил учесник во војната или војник во тогашната македонска војска. Не го знам потеклото, немам сознанија за потеклото на оваа фотографија. Тоа може да биде едноставна фотографија, правиме различни фотографии, тие се наша лична работа во зависност од тоа каква порака можеме да пренесеме. За мене, ова е слика на армијата и тој прави добра реклама за армијата, особено сега како членка на НАТО. Не сакам да верувам дека пренесува друга порака за војна. Ако е така, тој свесно или несвесно ја тоне опозицијата, себеси и партијата што му ја довериле да ја води“, рече Дехари во емисијата „200“ на Алсат.