(ФОТО) Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски даде уште еден гол – aирлија новата спортска сала во Пинтија!

Нека е аирлија! Пинтија за првпат доби спортска сала и ќе го носи името на загинатиот херој од 2001, Александар Стојчев, објави градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, откако денеска беше отворен новиот спортски објект со површина од 350 квадратни метри.

„Денес правиме значаен чекор за Пинтија и за целата општина Кисела Вода. Со гордост ја пуштаме во употреба првата затворена спортска сала во оваа населба – простор кој ќе им овозможи на учениците од ПОУ „Рајко Жинзифов“ да имаат современи услови за физичко образование, спорт и рекреација. Овој проект е доказ за нашата посветеност на унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри можности за младите. Особено ми е чест што оваа сала го носи името на нашиот херој, Александар Стојчев, кој го даде својот живот за татковината во 2001 година.  Неговата жртва никогаш нема да биде заборавена, а денешниот настан е и симбол на нашата почит кон неговото семејство, кое е денес тука со нас. Денес, со неговото семејство, заедно ја пуштивме во употреба“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Со отворањето на оваа сала, додава градоначалникот не само што се создаваат подобри услови за младите, туку и се испраќа јасна порака – Пинтија се развива како никогаш досега!

„Оваа населба, која со години беше запоставена, денес добива целосно нов лик со капитални инвестиции какви што никогаш досега не биле реализирани. Изградивме плоштад на местото на некогашната дива депонија, ги реконструиравме улиците низ целата населба, а со изградбата на фекалната канализација решaваме долгогодишен инфраструктурен проблем на жителите. И денес, на овој свечен ден, го заокружуваме овој развоен циклус со отворањето на првата затворена спортска сала во Пинтија – салата ,,Александар Стојчев”.

Со овој проект, вели градоначалникот, нашите ученици конечно добиваат современ простор за физичко образование, за спорт и за развој на нивните потенцијали во услови какви што заслужуваат.
„Сакам да се заблагодарам и на ,,Титан Усје” за нивната поддршката во реализација на овој проект. Ова е пример како заедничките вредности, одговорноста и визијата за подобро утре можат да донесат вистински промени во заедницата.“, порача Ѓорѓиевски.

default