(ФОТО) Изгореа магацини на фабриката за канабис во Росоман, инспекторите се на терен

Државниот инспекторат за животна средина информира дека е опожарен магацинскиот простор на правниот субјект ГМ ЛАЈТ МЕДИКАЛ ДОО, село Дебриште, Општина Росоман.

Инспекторите се на терен и ги истражуваат причините за пожарот во фабриката за канабис.

„Од страна на ДИЖС, Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Вардарски и Југоисточен регион, Канцеларија Кавадарци, Државен инспектор за животна средина Јованче Колев веднаш е направен вонреден увид на лице место. Правниот субјект поседува Елаборат за животна средина“, велат од Инспекторатот.

Advertisements

На лице место присутни се МВР-Крим полиција, Противпожарна бригада од Кавадарци, Росоман и Неготино со помош од противпожарна бригада од правниот субјект Еуроникел Индустри (поранешен ФЕНИ).

Пожарот е локализиран, а следат истражни дејствија за причините за пожарот, информираа од Државниот инспекторат за животна средина.