(ФОТО) Извршена уште една трансплантација на црн дроб, бубрези и коскени ткива

Новата година ја започнуваме со уште една трансплантација на црн дроб, на бубрези и на коскени ткива, соопштија од Министерството за здравство, од каде објавија и фотографии од текот на трансплатацијата.

Трансплатацијата е започната рано утрово на хируршките клиники во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт дала согласнот за донирање.

„Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат“ истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Advertisements

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

„Не радува тоа што се повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба“, потенцира Сали.