Струмичкиот градоначалник Коста Костадинов и неговата девојка Гордана Георгиева ги воодушевија гостите на карневалот синоќа. Тие како што може да се види на социјалните мрежи и на профилот на Костадинов решиле да се маскираат како Тито и Јованка Броз.
Пријателите на Костадинов беа маскирани во Гадафи, Хитлер, Фидел Кастро, Че Гевара и други историски личности.
Градоначалникот рече дека маската нема порака туку дека е повеќе политичка сатира, а ликовите од историјата нека си останат таму.
Вечерва да карневалотниз струмичките улици се очекува да учествуваат 41 група во различни категории со учесници од земјава, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција и од повеќе градови во државата, а карневалската поворка се очекува да трае околу 3,5 часа.