Македонскиот бодибилдер Ивица Јанев, стана европски шампион за 2023 година во својата категоријата, „класик физик“, на натпреварувањето во Санта Сауна Каталуња во Шпанија.
„На само 3. минути пред излегување на бина јас утврдив дека еден од натпреварувачите ги надминува тежинските граници во мојата категорија! Некако успеал да влезе во категорија?! Одма интервенираме со нашиот претседател на ББФМ, Бобан Ѓороски и грешката веднаш беше поправена. Секоја чест за Бобан за неговата професионалност и заслужена почит во бодибилдингот во светот и во Европа, напиша Ивица на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук.
Јанев, пред еден месец ја освои и титулата балкански шампион на „IFBB“ шампионатот за бодибилдинг и фитнес кој се одржа во Скопје, а го освои и Дијамантскиот куп во српски Чачак и Трофеј на Чачак, каде што беше прогласен за двократен апсолутен шампион.
Досега има освоено шест злата и две титули апсолутен победник и една Про карта од два меѓународни натпревари одржани во Србија.
Во историјата на македонскиот бодибилдинг и фитнес, Ивица е третиот европски шампион по Зоран Колевски и Мери Акиевска.