Турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган денеска им додели медал на македонските спасувачи во Турција кои помогнаа во потрагата по преживеани по катастрофалниот земјотрес.
Ердоган, како што информира Дерекцијата за заштита и спасување, пред присутните во салата, го изразил своето среќно искуство да им се придружи на локалните и странските тимови за потрага и спасување, кои се жртвуваа во земјотресите во Кахраманмараш и Хатај, по повод церемонијата на доделување на државниот Врвен медал на жртвување.
Во потрагата и спасувањето по катастрофалниот земјотрес што се случи во Турција, покрај републичките сили на Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и припадници на Армијата.
„Во име на Република Северна Македонија Г-дин Зулфиќар Зејнулаи, заменик Директор на Дирекцијата за заштита и спасување денеска го прими Врховниот државен медал за пожртвуваност од претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган, што се одржа во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе. Во церемонија на доделувањето истотака беше присутен и амбасадорот на Република Северна Македонија г-дин Јован Манасојевски“, информира Дирекцијата за спасување.