Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утрово пристигна на Главната Железничка станица во Киев, каде во својство на Претседавач со ОБСЕ ќе оствари посета на Украина.
Тој во својата Фејсбук објава, споделувајќи и фотографии од пристигнување, најавува средби со високи украински функционери и посети области погодени од воените дејства.
„Ќе одиме на терен да ги посетиме областите погодени од воените дејствија и директно да се сретнеме со луѓето на терен. Ќе оствариме и бројни средби со високите државните претставници на Украина. Состојбата во Украина, со посебен фокус кон луѓето на терен – еден од главните приоритети“, пишува Османи.
Украина е првата дестинација што Бујар Османи најави дека ќе ја посети како претседавач на ОБСЕ, откако минатата недела во Виена ги презентира приоритетите на нашето претседавање со Организацијата.