По кратко и озбилно убедување од страна на Тимчо, Нело и Сашко се сложив вечерва слободното време да го поминеме гледајќи го НБА натпреварот помеѓу Washington Wizards и Milwaukee Bucks, објави премиерот Христијан Мицкоски на Инстаграм.
Тој претходно се обрати на конференцијата „CPAC“ во Вашингтон, при што ја искористи приликата да ја запознае американската публика со историските и културните знаменитости на Македонија, но и со двојните стандарди на ЕУ во однос на македонските аспирации за членство во ЕУ.
„Обраќањето на CPAC во Вашингтон беше можност да ги истакнеме македонските вредности и традиции, тие темели што ја дефинираат нашата национална посебност и гордост. Говоревме и за нашето цврсто партнерство со Соединетите Американски Држави, стратешки сојуз кој останува столб на нашата надворешна политика и гаранција за стабилност и развој. Се осврнавме и на двојните стандарди на Европската Унија, политика која често ги занемарува сопствените принципи кога станува збор за Македонија. Нашиот став беше јасен, заслужуваме еднаков третман и почитување на договорените правила, а не селективна правда која ги поткопува нашите надежи за интеграција. Ова беше говор во кој јасно и гласно се слушна гласот на Македонија! Достоинствено, без комплекси, со поглед кон иднината“, вели Мицкоски.
View this post on Instagram