(ФОТО) Одличен потег на младиот градоначалник – го продаде автомобилот и ги израдува струмичани

Наместо службено возило за мене, младите ќе добијат нов мултифункционален простор за нивните потреби!
Така работиме во Струмица. Ветено – сторено. Струмица ќе има Младински центар, објави на Фејсбук градоначалникот Костадин Костадинов.

„Модерен и направен по современи стандарди, како што им доликува на младите во Струмица и на нивната прогресивна и европска визија. Ќе биде сместен во сутеренот на општинската зграда, кој со години беше неискористен, а сега во него се вршат повеќе градежни активности. Младинскиот центар беше мој предизборен проект со кој се зафатив уште во првата година од мојот мандат со откажувањето и продажбата на службениот автомобил што ме следуваше и го реализираме со средства од општинскиот буџет во износ од 7. 200.000 денари. Овој Центар ќе биде собиралиште на младите од Општината во кој ќе се реализирааат малдински и културни настани и работилници, но ќе биде и место на идеи за големи проекти со кои ќе се гордееме сите. Од срце за младите на Струмица правиме“, вели Костадинов.