(ФОТО) Размена на искуства – Силјановска Давкова се сретна со поранешниот претседател Ѓорге Иванов

Во пријатната атмосфера, денес, во неговиот роден град Валандово, се сретнав со мојот драг колега, Ѓорге Иванов, информира на социјалните мрежи кандидатката за претседателка на Македонија Гордана Силјановска-Давкова.

„Имавме можност да поразговаравме за многу теми и да споделиме искуства за кампањите, како и двата негови мандати кои беа исполнети со многу предизвици. Размената на искуства и мислења се значајни за периодот кој ни претстои“, напиша Силјановска-Давкова.

Advertisements