(ФОТО) Вучиќ има огромна поддршка од Македонија – граѓани со автобуси заминаа на митинг во Белград

Граѓани од Македонија се упатија кон Белград за да го поддржат српскиот претседател Александар Вучиќ на собирот што ќе се оддржи вечерва, а кој се најавува како најголем во историјата.

„„Многу нè има!“,Претседателот Александар Вучиќ ја има поддршката на Србите од Македонија и Македонците со српско потекло! Во огромен број се упативме кон Белград за да ја поддржиме политиката на мир, слога и стабилност!“, објави здружението „Мир, слога, стабилност“ од Скопје кое го организира патувањето. 

Српската телевизија Н1 пред неколку дена објави репортажа од земјава дека се организира превоз на македонски државјани на митингот.

Advertisements

Освен од Скопје, автобуси за собирот на Вучиќ ќе пристигнат и од Куманово и од други градови од Македонија.