Добредојде во Струмица за другарот Алексис Ципрас кој денеска ми е на гости во приватна посета.
Се потсетуваме на нашите заеднички напори и придонеси кон мирот и стабилноста на Балканот и разговараме за предизвиците пред кои регионот е денес исправен, објави на Фејсбук поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев кој е домаќин на грчкиот политичар.
„Особена чест ми е што пријателството меѓу Северна Македонија и Грција
и моето другарство со Алексис преминуваат во трајни и скапоцени вредности“, вели Заев до фотографијата од приватната посета на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас и нивната средба во познатиот струмички ресторан „Концепт“.
