(ФОТО) Збогум СДСМ, примитивни сте – мајката на јутјуберот Лазаров ја искина партиската книшка

Анита Лазарова, мајката на популарниот јутјубер Стефан Лазаров на Фејсбук објави дека ја искинала партиската книшка од СДСМ, по бурата реакции и осуда на интервјуто на Стефан со Драган Павловиќ Латас, на кои се приклучија и Форумот на жени на социјалдемократите, пратеникот Мартин Костовски и други.

Зошто Лазарова го направи овој потег напиша на Фејсбук:

Advertisements

„Долго време размислував да го направам тоа, но вечерва навистина ја претеравте, само заради тоа што сметате дека од позиција на моќ можете се! За да објавиш вакво нешто само затоа што не ти се допаѓа гостинот, а притоа да етикетираш млад човек за насилство на жени е многу примитивно. Жалам за моите соработници со кои долго време зборувавме дека не си ја препознаваме партијата на која и верувавме повеќе од 20 години.Од мене и од многу како мене ЗБОГУМ. Јас сепак сакам ДЕМОКРАТИЈА“, пишува Лазарова.