Граничниот премин Табановце е блокиран повеќе од три часа. Според објави на очевидци на социјалните мрежи на граничниот премин може да се забележи зголемено присуство на полицијата, а според објави на одредени медиуми, во тек е голема полициска акција за апсење на полицајци и цариници.
Телевизија „Телма“, повикувајќи се на свои извори, објави дека се спроведува полициска акција во која се опфатени полициски и царински службеници од преминот. МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП Табановце, се апсат полицајци инволвирани во коруптивни дејства, но повеќе информации од МВР за телевизијата најавија за утре.
Од фотографиите кои се споделуваат на социјалната мрежеа Фејсбук, може да се види дека на граничниот премин е формирана голема колона од автомобили, а дел од патниците се излезени од своите возила и се обидуваат, како што стои во одредени објави на социјалната мрежа, да извршат притисок кон граничната полиција за да почне да пропушта возила.