На официјалната Фејсбук страна на македонската армија денеска беа објавени неколку фотографии од припадници на баталјонот за спасување и пребарување, на кои може да се види како војниците под урнатините трагаат по преживеани во градот Караманмараш, во Турција.
„Од страна на нашите армиски тимови без заддршка се пребарува секој сантиметар од урнатините на зградите во Караманмараш. Припадниците од вториот тим од баталјонот за специјални сили обучени за спасување и пребарување заеднички со тимови од Велика Британија, Франција и Германија и со непрекината поддршка од спасувачките екипи од Туркије и нивната Армија се обидуваат на повеќе локации, борејќи се со времето и тешките услови да спасат бесценети човечки животи“, се вели во објавата на Фејсбук.