Скопјанецот Џелал Зекири на фејсбук страницата Стари скопјани објави фотографија од бурекџилница и не врати во старите времиња кога живеачката ни беше поевтина и полесно врзувавме крај со крај.
На излогот на бурекџилницата на оваа стара фотографија е залепен ценовник од времето кога бурекот чинеше 20 денари, а симит погачата 10 денари.
Оваа фотографија за кратко време доби многу лајкови и коментари, а скопјанецот Зекири до фотографијата само кратко напиша „Носталгија“, а некои од фановите на страницата коментираат дека „тоа беа златни времиња, имавме помалку, ама бевме посреќни.
„Реална цена бурек со 2 кори 20 денари. Со четири кори 40 ден. Пред неколку години“, коментира друг фан на страницата Стари скопјани.