Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива, информираат од партијата. Оставката е поради неговата кандидатура за претседател на Собранието.
– На последната седница на Централното собрание на Алтернатива, одржана во четвртокот на 23 мај, меѓу другото се разговараше и за кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија. Бидејќи Уставот на РСМ, член 67, определува дека претседателот на републичкото собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции на партијата, велат од Алтернатива.
Според статутот на Алтернатива, Гаши го овласти потпретседателот Беким Сали да ги извршува формалните обврски на партијата до конечното решавање на темата на претседателот на Алтернатива