Гевгеличанец со нож под грло ѝ се заканил на девојка дека ќе ја убие, па ја силувал

Гевгелиската полиција поднела кривична пријава против Д. П. (24) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување”, информираа СВР Струмица.

Според полицискиот билтен, на 19 овој месец во викенд куќа во гевгелиско село, пријавениот физички нападнал 24-годишна девојка од Гевгелија, по што со закана со остар предмет извршил обљуба врз неа.

Како што информираа од полицијата во текот на денот тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Advertisements