„Гласај за да се прашува Македонецот!“ – Левица ги објави носителите на листи за пратеници

Партијата Левица на социјалните медиуми ги објави носителите на листи за парламентарните избори на 8 мај.

Во Првата изборна единица носител на листа е претседателот на партијата и актуелен пратеник Димитар Апасиев, во Втората изборна единица е портпаролот на партијата Амар Мециновиќ, во Третата изборна единица актуелниот пратеник Борислав Крмов, во Четвртата изборна единица Сашко Јанчев, советник во Гевгелија, во Петата изборна единица Јована Мојсоска, генерален секретар на партијата, додека во Шестата изборна единица прв на листата за парламентарните избори е Игор Димески, советник во Општина Центар.

Слоганот на кампањата ќе биде „Гласај за да се прашува Македонецот!“.

Advertisements