МВР информира дека на 30.04.2024 во 11.00 часот во СВР Тетово 36-годишен жител од тетовско село пријавил дека бил измамен од И.З. од Ресен за сума од 21.500 денари.
Според пријавеното, тој преку социјална мрежа стапил во контакт со И.З., кој му се преставил како управител на правен субјект кој се занимава со посредување на документи за странство, со кого се договорил да му посредува за работна виза за работа во Р.Германија, поради што и ги уплатил парите.
Откако видел дека работата не му била завршена, сфатил дека бил измамен. Се преземат мерки за расчистување на случајот.