Голем скандал го тресе светскиот ракомет – Судии од Македонија осомничени за местење на натпревари?

Голем скандал го тресе светскиот ракомет, откако „Спортрадар“ објави информација дека неколку врвни судии во овој спорт, учествувале во местење на натпревари. Дел од нив судат и на актуелниот Мундијал во Шведска и во Полска, а во овој скандал се споменуваат и македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, објави спортскиот портал „Екипа“.

Покрај Начевски и Николов, на листата на „осомничени“ се уште и Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска. Во 26 натпревари кои се истражувале, учествувале осум судиски парови. Останатите судии не се откриваат.