Гори една од куполите на Универзална сала

На Единствениот број за итни случаи112 во ЦУК е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала, лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје.

Според ЦУК гори една од куполите на објектот, а беше поставена пред 10тина дена.

БППЕ Град Скопје се на лице место.

Advertisements

МВР информира дека денеска околу 09.45 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар во Универзалната сала во Скопје. Веднаш по добиената пријава, на лице место се упатени полициски службеници и припадници на Бригадата за противпожарна заштита, кои околу 11.30 часот го изгаснале пожарот, информира МВР.

„Со возило на Итна медицинска помош во Клиниката за токсикологија се однесени две лица Е.С. (48) и А.Т. (41) поради вдишување на чад. Од страна на екипи на ЕВН во целата околина на салата е прекинато снабдувањето на електрична енергија, при што на ул. „Петар Поп Арсов“ во лифтовите на зградите имаше заглавени две жени, кои беа извлечени од страна на Единицата за интервентна полиција. Во врска со пожарот, во ПС ОН Центар се приведени тројца градежни работници кои изведувале работни задачи во моментот на пожарот и тоа Б.Р. (50), З.Т. (60) и Б.И. (53). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во информацијата од МВР.

ФОТО: Макфакс