Градоначалникот Мерко на црната листа, му се забранува влегување во САД на целото семејство

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко е прогласен за непожелна личност за влез во САД „поради неговата вмешаност во значителна корупција“. Ваква одлука донесе Стејт департментот на САД.

Во писмената изјава на портпаролот на Стејт депратментот Метју Mилер се вели дека Мерко како градоначалник злоупотребил фондови и се мешал во судските и други јавни процеси.

Ваквото однесување на Мерко влијаело во намалување на довербата на населението во „демократските институции на Северна Македонија“.

Advertisements

Ова е отворена порака на САД до Македонија во правец на засилување и стабилност на демократските иnституции и владење на правото. Со ова сакаме да ги потсетиме сите институции на нивната задача во борбата против корупцијата, се вели во изјавата.

Оваа забрана се однесува и на сопругата и трите деца на Мерко.

По одлуката на Стејт департментот се огласи и амбасадорката на САД во земјава Анџела Агелер.

„Народот на Северна Македонија заслужува интегритет од нивните јавни службеници и систем кој ќе бара одговорност. Соединетите држави ќе продолжат да повикуваат секого – без разлика на позицијата или политичката партија – кој го поткопува владеењето на правото, загрозувајќи го напредокот и стабилност на Северна Македонија“, порача амбасадорката Агелер.

.