Градоначалникот на Чаир одговори на провокацијата на Груби: „Артан, терапијата ќе ти ја препише д-р Таравари, ќе ја примиш на 8 мај!“

„Артан, терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај!“. Вака му одговори Висар Ганиу, градоначалник на Чаир на Артан Груби од ДУИ кој на денешната прес-конференција пред Општина Чаир се појави со куфер, наменет како што рече, за албанската опозиција од која побара да ги депонираат оставките.

– Актуелниот и формален градоначалник Изет Меџити, како и неговиот нотар кој е овластен потписник Висар Ганиу и му ги потпишува неговите одлуки кој тој ги носи, „им ја знаеме позицијата, но мора да ја види топ листата“. А, на топ листата број еден се луѓево што се тука и граѓаните на Чаир. И затоа нека си го земе куферчето, мало е затоа што толкави му се работите, нека се отпакува и да си замине и да ја ослободи окупираната Општина Чаир, рече Груби.

На новинарско прашање, како што јави МИА, дали стравува дека овој настан од албанската опозиција ќе го проценуваат како провокација и оти ќе може да има тензии, Груби рече дека воопшто нема тензии и посочи дека граѓаните се определиле за европска иднина.

Advertisements

-Тие треба да го одржат својот збор кој го кажаа јавно дека нотаризирале изјави за оставка во случај на пораз со само еден глас, а изгубија со 40 илјади гласови кои ќе станат 80 илјади гласови на 8 мај затоа што граѓаните не сакаат изолација, не сакаат слуги на Мицкоски и на Апасиев, туку сакаат да  бидат претставувани од силна партија и силна коалиција која е европски ориентирана, рече Груби.