Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре на претседателските избори

Избирачите ќе може да гласаат со лична карта или со патна исправа чија што важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите. На претседателските избори утре ќе може да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи на 24 јули 2023 година до 24 април. Ова е дозволено според преодната одредба од измените на Изборниот законик која ќе се применува само за изборите оваа година.

Оваа одредба од Изборниот законик е составен дел на Упатството на Државната изборна комисија за начинот на утврдување на идентитетот на гласачите.

Истата одредба ќе се применува и на парламентарните избори со тоа што на нив ќе можат да гласаат граѓаните на кои по кој било основ, по сила на закон или по рок на важност им истекле личните документи од 8 август 2023 година до денот на изборите 8 мај.

Advertisements

Собранието на 7 март во рамки на 147. седница по скратена постапка без расправа ги изгласа измените и дополнувањата на Изборниот законик. Како што појаснија предлагачите, целта на овие измени беше да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите