На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид да ѝ се овозможи да го полага пропуштениот испит веднаш, бидејќи грешката е на училиштето, реагира Демократскиот сојуз.
„Јасно е дека пропустот го направиле одговорните во СОУ „Свети Климент Охридски“, тие треба да ја коригираат грешката и на ученичката да ѝ дозволат да полага веднаш, за да може да ги фати роковите за упис на некој од факултетите. Не е педагошки и човечки полагањето да го одлагаат за следната сесија и да даваат изјави и коментари несоодветни за образовна институција.
Демократскиот сојуз го повикува министерот за образование да реагира соодветно и да води грижа за секој ученик посебно, доколку е обесправен“, велат од ДС.
Advertisements
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...