Добро е Артан Груби што е свесен дека ќе лежи затвор, дури и тој самиот си ја одреди висината на казната, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавите на Груби во месечното обраќање во Стопанската комора на тема „Бехтел и Енка – можности, предизвици и одговорности“.
Тој изјави дека „ако се проневери еден денар од народните пари, ние политичарите да скапеме доживотно во затвор“, а излезе и со тврдење дека имал средби со раководството на ВМРО-ДПМНЕ за договорот.
„Груби лаже и затоа растура пердуви. Кога не би лажел требаше да одговори:
„Зошто прифатиле да се суспендира континенталното право и за „Бехтел и Енка“ да важи англосаксонско право? Зошто дивоградбите и легалните објекти ќе се легализираат по исти цени? Зошто сите грешки од проектирањето на „Бехтел и Енка“ ќе ги плаќа државата т.е. граѓаните?
Дали Груби и Ковачевски од свој џеб ќе прифатат да ги платат пеналите за обврската која ја преземале за зголемување на часовите на работна недела?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.