„Грутка во грлото, солзи во очите, не сте сами“ – Скопје оддава почит на жртвите во трагедијата во Кочани

16 минутен молк на плоштад „Македонија“ во Скопје – илјадници граѓани оддават почит на жртвите во трагедијата во Кочани. Преку ѕвездено небо се изразува сплотеност во овие најтешки моменти и огромна тага за прерано згаснатите животи.

Граѓаните преку транспаренти го изразија својот гнев и револт: „Народот страда додека системот одмара“,„Грутка во грлото, солзи во очите, не сте сами“, „Корупција пали, невини горат“, „Заради гнилиот систем, гниеме млади“, „Рекордери во денови на жалост“, „Младината ни изгоре во корупциски казан“, „Од алчност децата ги претворивте во пепел, а родителите ги завивте во црно“, „Сите години молчење завршуваат со едноминутен молк.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што избувна за време на настапот на музичкиот бенд „ДНК“ на 16 март загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.

Advertisements

ФОТО: МИА