ХОРОР ВО РЕСЕН Сосед силувал шестгодишно девојче, осомничениот е во притвор

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик, информира јавното обвинителство.

„Постои основано сомнение дека пријавениот на 2 јуни во Ресен извршил други полови дејствија врз девојче родено во 2017 година, со кое бил сосед. Тој притоа искористил прилика додека жртвата, нејзината сестра и внуката на осомничениот заедно си играле“, велат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека тој би можел да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и врз оштетеното дете или да го повтори делото.

Advertisements

Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.