И Дорис Пак го осуди сексистичкиот напад врз професорката Силјановска – „Срамен инцидент, очекував барем претседателот на државата да реагира“

За жал и лошите вести брзо се шират. Огромна благодарност за поддршката до нашата ценета и почитувана Дорис Пак, поранешна претседателка на организацијата на жени на Европската народна партија (EPP Women), поранешна пратеничка во Европскиот парламент и актуелна претседателка на Институтот Роберт Шуман., објави на Фејсбук Марија Митева, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ.

„Јас сум денес на конференција во Косово, но слушнав за овој срамен инцидент, во рамки на изборната кампања на СДСМ во Куманово. Активист искажал сексистички навреди кон проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, прекрасна жена, високо почитувана, која е кандидат за претседател на државата. И таа би била добро лице, репрезент на вашата држава. Таа е навредена од активист, а уште поголем проблем е тоа што никој од другите активисти или политичари не реагираа. Јас очекував дека барем претседателот на државата би реагирал и би го осудил тоа. Ништо од тоа не се случи. Ова е срамно. И можам да кажам дека ова не е во корелација со човечки и Европски вредности“.