Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе викендов имаше успешен старт, победи на почетокот од новата сезона во Европскиот шампионат на ридски патеки во Франција.
„Голема победа на голем празник! Само еден може да биде број 1, напиша Стефановски на својот профил на Фејсбук и доби безброј честитки од неговите следбеници на социјалната мрежа со желби да продолжи само напред.
„Честитки шампионе“, честит Велигден“, „Браво“, му посакаа неговите фанови.
Стефановски со своето хјундаи во Франција го освои првото место во првата трка со време од 2:46:838.
Во генералниот пласман Иџе е трет по лидерот Николас Вервер од Франција и Италијанецот Лука Гаетани, двајцата со возила на порше.
Во овој шампионат им силна конкуренција – пријавени се 190 натпреварувачи.