Исправена е неправдата кон затвореничките – пет жени меѓу кои и Гордана Јанкулоска прв пат на викенд отсуство

 Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи по речиси три години поминати во затвор прв пат доби право на викенд.

Тоа се случува по измена на правилникот, со кој досега жените-затворенички од „Идризово“ беа дискриминирани.

Директорот Зоран Јовановски за „Макфакс“ вели дека привилегиите ги користат по потреба и дека добил пет барања за користење на отсуство.

„Одобрен е за пет жени. Привилегиите ги користат по потреба на нивно барање“, посочува кусо Јовановски.

Комисијата за антидискриминација утврди дека затвореничките од женски пол се дискриминирани со Правилникот во „Идризово“. Тој беше променет од Управата за извршување санкции и Министерството за правда.

Адвокатот Влатко Илиевски, кој е и сопруг на Јанкулоска, посочува дека со овој чин, се исправи повеќедецениска неправда кон жените кои се осудени.