Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во „Само вистина“ на Канал 5 изјави дека не би се откажал од зголемувањето на неговата плата, по одлуката на Уставен суд, како што најави неговиот колега од Аеродром, Тимчо Муцунски, кој рече дека разликата ќе ја дава во хуманитарни цели.
„Со среќа нека му е, јас популист не сум, јас сум реален човек, си ја работам својата работа“, рече Јакимовски во вечерашната дебата на „Само вистина“.
Тој смета дека платите на функционерите треба секоја година да бидат усогласувани со растот на просечната плата.
„Ако не па да рабтиме волонтерски. Во која држава функционерите немаат плата, таа плата е повисока зошто е ограничен временски период, на мандат, може после функционерот да биде сменет. Прашање е зошто не сме го почитувале законот, платите се усогласуваат секоја пролет на секој вработен, така треба и на функционерите“, рече тој.