Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод 5 Мај, Денот на македонскиот јазик најави дека идната влада ќе преземе низа чекори за афирмација на македонскиот јазик како што го негувале нашите претци низ вековите.
„Јазикот е нашиот идентитетски белег кој мора да го чуваме и негуваме. На денешен ден пред 79 години е усвоена македонската азбука како официјално писмо на македонскиот јазик.
Низ вековите нашите претци опстојале и го негувале јазикот, кој преку азбуката добил своја пишана форма. Нашата традиција е исткаена низ едно богато фолклорно творештво кое е од непроценлива вредност за нас. Оваа богата традиција, која се темели на македонскиот непокор, сме должни да ја зачуваме, негуваме и унапредуваме. Како идна влада ќе преземеме многу активности за афирмација на јазикот, за да го оставиме уште многу векови по нас“.