Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова се сретна со претставниците на бугарската заедница во Република С. Македонија во зградата на бугарската амбасада и им се заблагодари за храброста да ја бранат бугарската самосвест, традиции, јазик, историја, пишува бугарскиот портал 24 часа.
„Нашата заедничка цел е да го намалиме нивото на тензија, секојдневно да се бориме со овој страшен јазик на омраза, кој се излева во Северна Македонија во однос на Бугарија и бугарскиот народ, наспроти сите обиди за дискриминација на Бугарите во другите земји. . Што и да се случи со Република Северна Македонија, без разлика каква пропаганда има, јас нема да отстапам од договорите што ги имаме. И ако Бугарите не бидат вклучени во Уставот на земјата, нема да има ни педа напредок во преговорите на Република Северна Македонија за европско членство. Нема да има меѓувладина конференција, нема да има документ на ЕК со кој ќе се започнат вистински преговори“, рече Јотова по средбата со претставникот на Бугарија во Македонија, Ангел Ангелов.
Тој, како што јавува 24 часа рекол дека Бугарија внимателно ја следи ситуацијата во земјата, „кој и како ги подготвува можните текстови за вклучување на Бугарите во Уставот.
„Нема секогаш да бидам ваш заштитник, како што го заштитивме ова невино момче Христијан Пендиков, кој за малку ќе го загубеше животот, бидејќи се чувствува Бугарин и е член и секретар на бугарскиот клуб. Присуството на бугарски пасош не го прави човекот, неговата самосвест е важна, а секој со бугарска самосвест ќе биде заштитен“,изјавила Јотова.