Јутјуберот Стефан Лазаров се појави во неговиот подкаст и прати пораки до јавноста

Јутјуберот Стефан Лазаров тврди дека ниту му бил одземен пасошот, ниту пак му бил забранет јавен настап, откако скопското Основно јавно обвинителство отвори предмет во врска со неговото интервју со Драган Павловиќ-Латас кое се емитуваше на 15 февруари.

Ова интервју предизвика и бура од поделени реакции во јавноста, а реагираше и Хелсиншкиот комитет за човеккови права. Дел од јавноста, застана на страна на јутјуберот и му даде поддршка како што и вечерва се коментира под видеото на кое Лазаров објаснува која е вистината во врска со неговата патна исправа и забраната за јавен настап, но имаше и јавна осуда дури и барање за истрага, која ја покрена надлежното обвинителство.

Advertisements

Јутјуберот Лазаров негираше дека новинарот Драган Павловиќ Латас зборувал за силување, а кој беше гостин во неговиот подкаст, а на Инстаграм обвини дека во случајов станувало збор за „хајка“ против него.