Кај велешанец полицијата најде 842 парчиња пиротехнички средства

Во 9 часот утрово во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Ц.(61).

МВР информира дека при преглед кај него на Градскиот пазар во Велес и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени вкупно 842 парчиња пиротехнички средства. 

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Advertisements