Пратениците од владејачкото мнозинство денеска во Собранието гласаа против обештетување на загинатите бранители, објави Драган Ковачки oд ВМРО-ДПМНЕ.
„Слугите на ДУИ од СДС уште еднаш покажаа дека се анти-македонска партија. Да гласаш против обештетување на семејствата на загинатите бранители е чин на непочитување на жртвите и чин на непочитување кон државата која ги пратила тие луѓе да загинат за неа. Како може Македонец да гласа против своите? Пратениците на СДС ги срамат граѓаните кои гласале за нив. Голем грев беше направен денеска. Еве го списокот на сите кои гласаа ПРОТИВ исправање на неправдата која им е нанесена од страна на системот. После смената на власта, ќе најдеме начин како да ги обештетиме семејствата кои ги изгубија синовите и лицата кои имаат инвалидитет и кои по судските лавиринти го изгубија здравјето, а некои и животите“, напиша Ковачки.