Претседателот на БЕСА, Билал Касами, во интервју за весникот Лајм, вели дека иницијативата на првиот човек на ДУИ Али Ахмети за европскиот фронт не е искрена и дека неговата партија одбива да се приклучи на оваа иницијатива.
„Тоа што ДУИ секојдневно зборува за европска коалиција и работи против интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија е нечесно и тоа го знае секој граѓанин. Не можеме да зборуваме за европскиот трон кога внатре го имате Артан Груби, кој секојдневно прави медиумски спинови, креира лажни информации против албанските граѓани и воопшто граѓаните“, рече меѓу другото Касами во интервјуто за весникот Лајм.
Време е Албанците, вели Касами по две децении да направат промена и да го тргнат од власт првиот човек на ДУИ Али Ахмети кој владее како Енвер Хоџа.
„Намерата и целта на ДУИ е да отстрани што е можно повеќе Албанци од државата за да ги контролира малкуте преостанати Албанци и да остане на власт како што Енвер Хоџа 50 години владееше со Албанија. Али Ахмети со оние Албанци кои ќе останат сиромашни, слаби, свиткани, може да владее како неговиот претходник Енвер Хоџа“, изјави Касами.
Случувањата во ДУИ, додава лидерот на Беса, одат во прилог на зајакнување на опозициската соработка.
„Така што во оваа соработка сме подготвени да ги вклучиме сите политички сили кои сметаат дека е неопходно да има ротација на политичката партија по 20 години политичкa едногласност или да имаме друга партија или нови политичари кои ја претставуваат новата генерација албански граѓани кои имаат разни неисполнети потреби, поради што ја напуштаат државата“, вели Касами.