Казнети 170 возачи за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи(МВР) спроведе акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 170 возачи.

Од нив 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 86 возила ја пречекорило брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта

Advertisements