Клуч на врата за два маркети – Пазарната инспекција најави засилени контроли

Директорот на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Горан Трајковски информира дека биле издадени две решенија за затворање маркети.

Тој најавува дека ќе следат засилени контроли кај трговците на мало и трговците на големо.

-Изразувам благодарност до големиот број на општествено одговорни компании кои прифатија да ги задржат гарантираните цени на основните прехранбени производи. Апелирам истото да го направат и трговците на големо (снабдувачите), вели Трајковски.

Директорот на ДПИ во својата објава на Фејсбук порачува дека никој не смее да ги прекршува законите и да манипулира со потрошувачите.